Кои сме ние

________

Колор Комерц Дооел Скопје е основана  1992 година. Првична дејност на компанијата е изведба на градежни работи за подоцна да почне со продажба на големо и мало на бои и лакови, електрика, водовод, санитарии итн. Од 2005 година додаваме и нова гранка во нашето работење  – трговија на големо со средства за хигиена. Денес примарна дејност на нашата компанија е трговија на големо со средства за хигиена. Нашиот бренд  PowerCleaning  се води под групацијата ТАРКОМ се користи во повеќето државни институции низ Р. Македонија. Нашата нова програма PowerCleaning Professional веќе е застапена во повеќе месни, прехрамбени и производствени индустрии. PowerCleaning Professional се средства за професионална хигиена по НАССР стандард. Имаме голем асортиман на држачи за хартија, диспанери за сапун – пена од програмата ЈОФЕЛ. Побарајте го нашиот ценовник и станете наш клиент или партнер.

Зошто сме најдобри

Нашите производи се со сите потребни сертификати за квалитет издадени од институциите задолжени за проверка на квалитетот во Р. Македонија, Р. Хрватска и Австрија. Нудиме целосно решение за одржување хигиена во вашите домови и канцеларии. Располагаме со сопствен транспорт и во рок од 24 часа производите може да ги добиете на вашата адреса. Доколку имате потреба од одржување на хигиена, имаме професионален тим кој ќе се погрижи вашиот дом или канцеларија да бидат секогаш чисти и уредни. Ве очекуваме.

За PowerCleaning

PowerCleaning Professional е нова програма на средства за професионална хигиена наменета за прехрамбени, месни, производствени индустии каде хигиената треба да биде на исклучително високо ниво. Програмата PowerCleaning Professional е со сите сертификати на НАССР и одобрена од сите институции во Р. Македонија, Р. Хрватска, Аврстрија и Германија. Нудиме комплетно решение за одржувањето на хигиена во вашите кампании и вршиме обука за вашите вработени со издаден сертификат за познавање на средствата. Во нашата програма имаме средства за одмастување, дезинфекција, полирање на секаков вид површини, машини како и Автошампон за наменет за вашите автомобили, камиони и секаков вид на транспортни возила. Доколку хигиената ви е на прво место закажете си професионална презентација како би се увериле во квалитетот на нашите средства.

Референтна листа